ПОЦ за една седмица изрече 80 казни за непрописно паркирање

1 min read

ЈП ПОЦ и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција – Скопје изминатата седмица санкционираа 80 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

– Во периодот од 18 до 24 октомври, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 31 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 49 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, информираат од ЈП ПОЦ.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Нутриционист Тања Турунџиева: Кога ќе влезете во менопауза, заборавете на белиот леб и слатките

Следно

Американски претставници веруваат дека Иран стои зад нападот со дронови врз нивната база во Сирија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian