Министрите за енергетика на ЕУ без конкретни решенија за кризата

1 min read

Министрите за енергетика на ЕУ не донесоа никакви конкретни одлуки како одговор на енергетската криза, соопшти на прес-конференција еврокомесарката за енергетика Кадри Симсон по завршувањето на вонредниот состанок на министрите за енергетика.

– Имаме јасен мандат од лидерите на ЕУ да ги искористиме сите наши алатки за да се справиме со кризата. Европската комисија претстави пакет мерки, сега мора да ја продолжиме оваа работа. Треба да ги заштитиме нашите потрошувачи и бизниси, рече таа, без да презентира конкретни мерки против кризата.

Еврокомесарката појасни дека во декември ЕК ќе претстави стратегија за премин од природен гас на водород, јави Бгнес.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Влада: Се стопира изградбата на Прифатниот центар за странци во Бардовци

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ дрско лаже и манипулира за наводен бугарски пасош на Данела Арсовска

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian