Македонскиот репрезентативец Лазаров со три гола на мечот против Лемго

1 min read

Во рамките од второто коло во Европската ракометна лига составот на Нант со минимален резултат 27:28 загуби дома од Лемго.

Македонскиот репрезентативец и селектор Кирил Лазаров за француската екипа трипати се запиша во листата на стрелците.

Поефикасни од нашиот десен бек беа Брие со пет погодоци, а по четири имаа Фолч Ривера и Мине. На спротивнат страна за германскиот претставник седум голови беа дело на Карлсбогард, шест запиша Цербе.

После две кола во групата „Б“ по четири бодови имаат ГОГ и Бенфика, по два Нант и Лемго, а без бодови се Чеховски Медведи и Кокс.

Во следната трета рунда Нант на 16 ноември пред своите навивачи ќе ги одмери силите против ГОГ од Данска.

ВИДЕО: Босанецот Периќ во последните секунди донесе реми за битолчани против Кадетен

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тачи: Во понеделник Беса ќе се спои со СДСМ, Алтернатива со ДУИ, а Алијанса со ДПА

Следно

Кампањата ја потисна „решавачката“ билатерална средба со Софија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian