Патиките „Nike Air Ships“ кои ги носеше легендарниот Мајкл Џордан во неговата дебитантска сезона и тоа на натпреварот помеѓу Чикаго и Денвер во 1984 година, се продадени на аукција за 1.47 милиони долари.
Станува збор за црвено-бели патики кои беа првиот модел од линијата специјално креирана за легечкиот Мајкл „Air Jordan“, и со продажбата на аукција во Лас Вегас станаа најскапо продадени патики досега на аукција.
View this post on Instagram
Џордан овие патики по натпреварот му ги подарил на момче кои ги собирало топките, а на аукцијата во Лас Вегас, истите ги купи колекционерот Ник Фиорела.
Досегашиот рекорд на најскапо продадени патики го држеше моделот „Nike Air Jordan1 High“ кој во август 2020 година беа продадени за 615.000 долари.