Фудбалерките поразени од Луксембург во квалификациите за СП

1 min read

Женската фудбалска репрезентација на Македонија доживеа пораз во квалификациите за СП 2023 година и тоа од селекцијата на Луксембург со 2:3.

Поразот доаѓа само пет дена откако фудбалерките ја совладаа Летонија со 4:1, а противникот досега загуби од сите три натпревари против С. Ирска (0:4), Англија (0:10) и Австрија (0:5)

На натпреварот кој се играше во Охрид на стадионот „Билјанини Извори“, резултатот го отворија гостинските фудбалерки со голот на Маркес Абреу во осмата минута. Македонија успеа да израмни во 21. минута преку Рочи.

Македонија во вториот дел остана без Наташа Андонова, која беше заменета, а тоа го искористија гостинките кои постигнаа два гола преку Тил со кои ја обезбедија победата. Македонија во финишот успеа само да го намали резултатот преку Николовска.
По четири кола во квалификациите за СП, Македонија има скор од една победа и три порази, исто како и Луксембург и се наоѓа на претпоследното петто место на табелата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ЕУ предупредува дека претстои тешка сезона на грип

Следно

Не се знае следниот Бонд, но еве која е новата Бонд девојка!

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian