ФОТО | Се омажи јапонската принцеза Мако: Поради љубовта со „обичниот смртник“ остана без 1,2 милиони евра богатство

3 mins read

Принцезата Мако, внуката на јапонскиот цар, се омажи во вторникот по долгогодишни контроверзии околу нејзината заедница со свршеникот Кеи Комура, но таа се откажа и од традиционалните обреди и значителниот финансиски надомест.

На телевизиските снимки се гледа како Мако, во пастелен фустан и со бисери, се простува од родителите и 26-годишната сестра Како на влезот од нивниот дом.

Јапонската телевизија ја прикажала Мако како ја напушта царската резиденција на Акасака во Токио и се збогува со семејството, им се поклонува на родителите и ја прегрнува сестра си.

Иако сите носеле маски во склад со јапонските протоколи за коронавирусот, нејзината мајка трепкала со очите, борејќи се со солзите.

На почетокот на овој месец, царската институција појасни дека свадбената церемонија, приемниот банкет и другите ритуали нема да се одржат и дека паушалниот износ којшто обично им се дава на жените од царското домаќинство кои се венчаат со обичните граѓани, во износ од 1,2 милиони евра, не го одобрува.

Udala se princeza koja se zbog ljubavi odrekla titule i 1.2 milijuna eura naknade

Фото: ЕПА

Внуката на императорот Нарухита, која викендов наполни 30 години, ја загуби кралската титула кога таа и Кеи Комуро го регистрираа својот брак, што е вообичаена ситуација за жените од лозата, но таа е прва во историјата на повоената Јапонија која ја ускрати отштетата.

Мако и свршеникот Кеи Комуро ја објавија својата свршувачка пред четири години, потег кој првично го поздрави земјата.

Но, работите набрзо се влошија бидејќи таблоидите објавија за паричен скандал во кој е вмешана мајката на Комуро, што го поттикна печатот да се насочи кон него. Венчавката беше одложена, а тој ја напушти Јапонија на правни студии во Њујорк во 2018 година за да се врати во септември.

Ќерката на помладиот брат на императорот Нарухито со години трпеше критики и одолговлекување околу нејзиниот брачен план со, исто така, 30-годишниот Кеи Комуро, кој беше нападнат поради наводите дека неговата мајка позајмила пари од нејзиниот поранешен свршеник и одбила да му ги врати.  Оваа сè уште нерасчистена кавга предизвика скандал во Јапонија, каде се очекува беспрекорно однесување на членовите на царското семејство.

Принцезата Мако, исто така, одби да прими еднократна исплата од околу 1,2 евра која обично им се дава на кралските жени кои се мажат за обичните граѓани и стануваат обични граѓанки, во согласност со јапонскиот закон.

Фото: ЕПА

Според странските медиуми принцезата планира да се пресели во Америка, каде нејзиниот иден сопруг има намера да работи во адвокатска фирма во Њујорк.

Двојката се запознала за време на факултетски настан во ресторан во Токио. И двајцата во тоа време биле студенти на „Меѓународниот христијански универзитет“ во Токио.

Japanska princeza odriče se miliona da bi se udala za

Фото: Профимедиа

„Прво ме привлече неговата светла насмевка“, рекла Мако во една прилика. Тие се свршиле по неколкугодишна врска на далечина.

Четиригодишната свршувачка на принцезата Мако и Комура беше обележана со бројни скандали и расправии кои започнаа кога еден таблоид објави дека Комуро е вмешан во финансиски скандал.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Двоецот од Ајакс ќе го води Њукасл кон титулите во Премиер лигата и во Европа

Следно

Во краток временски период, пријавени две каснувања од куче во Ѓорче Петров

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian