Есен и нејзините правила: На што секој хороскопски знак треба да внимава

5 mins read

Секој од вас има свој стил и свои бои, но не е на одмет малку да погледнете што ви велат ѕвездите. Понекогаш е добро да ги усголасите боите на облеката со годишниот период и неговите бои, понекогаш е спротивно, зависи од хороскопскиот знак и што на кого му е потребно.

Овен

Својата внатрешна убавина обвиткајте ја со колоритна облека како што се есенските лисја, ќе ви годи, а истовремено ќе изгледате супер тренди. Детаљ, како што е шал со боја на темна вишња со беж мантил- вам ви е потребен оптимизам, а ваквите бои се токму она што во е потребно.

Бик

Вие умеете да уживате во временските промени коишто есента ги носи. Копнеете по сонце и сигурно многу време поминувате надвор, обновувајќи ја својата енергија. Не заборавајте на потенцијалните проблеми како што се сувата кожа и испуканите усни од ветерот.

Близнаци

Вие сте некој кој многу води сметка за своите финансии, а во исто време има потреба да изгледа модерно. За да го постигнете и едното и другото, поедноставете ги работите така што ќе прибегнете кон стариот трик: ставете акцент на шминката! Суптилна маскара и алајнер ќе ви помогнат да ги истакнете вашите очи, а хулахопките во различни дезени ќе го направат токму оној вистинскиот, „шарен“ есенски чекор кој го сакате.

Рак

Обновете ја својата гардероба со морско-зелена и небесно-сина боја. Тоа се боите на оваа есен, а токму тие ќе ви помогнат да го преболите недостигот на сонцето. Не заборавајте ја својата блескава маскара за да го истакнете својот, секогаш буден поглед!

Лав

Китнестата облека едноставно ве мами оваа сезона. Но, не заборавајте: Помалку е повеќе! Обидете се со некој блескав детаљ во комбинација со минималистичко парче облека – црниот мантил ќе биде одлична подлога за светкав накит, марама, чанта.

Девица

Оваа есен, со својата шик мода, им припаѓа на Девиците. Беспрекорно изработената облека, со совршена фризура ќе изгледате како да се наоѓате на насловната страница на „Вог“.

Вага

Направете некои радикални промени во свјот стил. Исфрлете ја крем сенката за очи и благиот кармин којшто секогаш го носите, а употребете малку поинтензивна боја на алајнер и потемен кармин за да ја истакнете вашата необична убавина. Црвената, оваа есен, е ваша боја.

Скорпија

Време е да ја промените фризурата. Направете кркми, доколку никогаш не сте ги носеле, или можеби кадрици, доколку вашата коса секогаш била рамна. Охрабрете се да бидете поинакви!

Стрелец

Ова ќе биде вистинско време за вас, особено ноември. Подгответе се да блеснете на забавите со гламурозна облека. Деталите се од исклучително значење.

Јарец

И оваа есен ќе бидете опседнати со вашите бои, темно портокалова и нијанса на трева-зелена. Тие се токму она што ве прави посебни и ве истакнуваат на најдобар можен начин, бојата на вашиот тен и коса. И понатаму бидете ѝ верни на едноставната облека. Ова ќе биде вистинско време за вас, особено ноември. Подгответе се да блеснете на забавите со гламурозна облека. Деталите се од исклучително значење.

Водолија

Оваа есен малку недостасува нова облека во вашиот плакар. Не грижете се, вие секогаш успевате одлично да изгледате и да направите прекрасен избор. Можеби е сега вистинското време да воведете големи промени во својот стил на облекување и шминкање. За почеток обидете се со комплетно нова шминка и ќе блескате во текот на сезоната.

Риби
Ќе можете спокојно да „пливате“ единствено ако сте задоволни со својот стајлинг. Обидете се да престанете со импулсивното купување облека, наместо тоа, купувајте ја само онаа што ви е потребна. Погледнете го малку својот гардеробер и видете што можете да искористите: некоја блуза, панталони или можеби, оној прекрасен брош што ќе блесне на вашето палто.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Албанија запленети 45,5 килограми хероин сокриен во камион со хром

Следно

Сашко Николов му ја предаде функцијата градоначалник на Општина Штип на Иван Јорданов

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian