Прекинот на натпреварот кој се играше во Тирана во рамки на квалификациите за СП 2022 година помеѓу Албанија и Полска денеска доби епилог.
Дисциплинската комисија на ФИФА ја казни Албанската фудбалска федерација со 150.000 швајцарски франци и следниот натпревар против Андора во квалификациите ќе го игра пред празни трибини.
Албанската фудбалска федерацијаво своето соопштение изрази жалење поради казната, а имаше порака и до навивачите поради кои дојде до прекин на натпреварот, а таа е дека се надева оти повеќе нема да се појават на стадионот кога ќе игра репрезентацијата.
Дисциплинската комисија на ФИФА исто така ја казни и фудбалската федерација на Полска и тоа со 50.000 франци, а на нејзините навивачи нема да им биде дозволено да патуваат со репрезентацијата на гостувањето во Андора.