ВИДЕО: Тричковски е македонскиот „Халанд“ – осум голови од седум настапи во Кипар

1 min read

Иван Тричковски можеби го има својот најдобар старт на една фудбалска сезона во својата професионална кариера.

34-годишниот македонски напаѓач кој изминатото лето ја заврши репрезентативната кариера, се наоѓа во животна форма моментно во дресот на АЕК Ларнака.

И денеска во рамките од седмото коло во најсилното кипарско првенство триумфираше неговиот клуб со 1:2 против Анортозис.

Тричко, кој настапи до 85 минута, го постигна првиот гол за гостите во 35 минута реализиран од пенал.

Тоа е веќе негов осми гол сезонава од досега вкупно седум настапи, што ретко денеска некој фудбалер може да се пофали со ваков моќен старт.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Плевнелиев ги поддржа официјалните позиции на Софија: Само со почитување на правата на Бугарите, Северна Македонија може во ЕУ

Следно

Санадер осуден на шест години за примање мито во случајот „Ина-МОЛ“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian