ВИДЕО | Скопје почнува да се задушува, црвениот аларм е вклучен

1 min read

На повеќе места во главниот град во петокот засвети црвеното светло, а според податоците најзагадено било во Лисиче, Центар и Карпош, а Скопје се најде на 22-то место на листата на најзагадени градови во светот.

Дождот викендов ја потсмири ситуацијата, но се поставува прашањето дали и оваа година граѓаните ќе се молат на временските прилики за да можат да дишат чист воздух.

Иако во светот горната граница на загаденост е 50 микрограми ПМ 10 честички на метар кубен таа кај нас изнесува 163 и доколку во два последователни дена ситуацијата е непроменета на сила стапуваат мерките за заштита на здравјето на граѓаните.

На оваа тема погледнете го разговорот кој Утрински брифинг го направи со Ели Пешева од иницијативата О2 која се бори за чист воздух.

Целиот разговор погледнете го во видеото

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вонредна состојба на северот од Гватемала по насилните протести против рудниците за никел

Следно

Дневен хороскоп за 25 октомври: Сѐ што ќе сакате да направите за вашиот партнер ќе биде совршено

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian