ВИДЕО: Редок медитерански ураган ја погоди Италија

1 min read

Силно невреме втор ден по ред ја пустоши јужна Италија, при што загина најмалку едно лице, поплавувајќи ги патиштата и полињата и предизвикаа лизгање на земјиштето, соопшти денеска полицијата. 

Тело на 67-годишник било пронајдено во грмушка, недалеку од местото каде што последен пат бил виден откако неговиот автомобил заглавил во вода и кал југозападно од сицилијанскиот град Катанија. Неговата сопруга се уште се трага, соопштија итните служби.  

Италијанскиот метеоролошки сајт Илметео.ит објави дека делови од Сицилија и соседна Калабрија биле погодени од редок медитерански ураган, познат како Медикен, со ветрови кои до крајот на денот би можеле да дуваат и до 120 километри на час.  

Здружението на фармери во Сицилија соопшти дека во неделата за само неколку часа наврнале повеќе од 300 милиметри дожд во близина на градот Катанија, што е речиси половина од просечната количина на врнежи што паѓа годишно на медитеранскиот остров. 

Телото за итна цивилна заштита денеска издаде највисока црвена тревога за северна Сицилија и јужна Калабрија, предупредувајќи на потенцијална опасност по живот и материјална штета во тие области. Затворени се училиштата во бројни села и градови, десетици летови се пренасочени од областа, а бродските линии меѓу јужните острови се откажани. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Стефанија приготви необичен рецепт со „обични“ намирници: Уживајте во уникатниот вкус!

Следно

Димитриевски: Повторно насилство врз наша советничка од страна на советник од СДСМ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian