ВИДЕО | Потегот на Додик да донесе хармоникаш во зградата на претседателство е „капка што ја прели чашата“, се бара забрана за негово занимавање со политика

2 mins read

Група незадоволни граѓани се собра денеска на протести пред зградата каде е сметена канцаларијата на високиот претставник на меѓународната заедница за БиХ во Сараево.

Според локалните медиуми, насобраните протестираат против наводното уништување на уставниот правниот поредок на Босна и Херцеговина.

printscreen KLIKS.ba

Демонстрантите за порталот „Кликс“ изјавија дека постапката на членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, да донесе хармоникаш во кабинетот, ја прелеала чашата и дека биле предизвикани да излезат на улица и да го кренат својот глас во врска со актуелната политичка ситуација во федерацијата.

Носејќи транспаренти со порака – Уставот и на Б и Х и на Германија подеднакво мора да се почитуваат почитуваат“. граѓаните побараа од високиот претставник на БиХ Кристијан Шмит, забрана за политичка активност на српскиот член на Претседателството на БиХ Милорад Додик, претседателката на РС Жељка Цвијановиќ, претседателот и нна Народното собрание на РС Недељко Чубриловиќ.

– Високиот претставник на меѓународната заедница има моќ да ги смени политичарите кои работат на уривање на уставниот и правниот поредок – порачаа насобраните демонстранти .

Тие на протестот порачаа дека меѓународната заедница треба да биде многу поактивна и дека Високиот претставник не треба да бега од овластувањата кои ги има доколку е потребно, пренесува порталот Кликс.

Блокадата на федералните институции на Босна и Херцеговина трае повеќе од три месеци, откако поранешниот висок претставник Валентин Инцко воведе закон за негирање на геноцидот. Преставникот на србите во Босна Милорад Додик не го признава новиот преставник на меќуанродната заедница Кристијан Шмит и не учествува во работата на заедничките институции се додека не се повлече спорниот закон.

Неодамна Додик донесе хармоникаш во зградата на федералната зграда и заедно со своите најблиски соработници пееше српски песни, што од страна на другите два ентитети во Босна беше протолкувано како провокација и омаловажување на федералните институции.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Се степаa советници од листата на Димитриевски и на СДСМ, Салиевски вели дека Реџеповски го удрил во главата

Следно

Симпсонови претставија нов лик – Преживеана од ракот на дојка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian