Спектакл во Ријад: Барса и Бока јуниорс ќе играат во чест на Диего Армандо Марадона

1 min read

Барселона и Бока јуниорс се договорија, тие ќе одиграат пријателски натпревар во чест на аргентинската легенда Дието Армандо Марадона.

Овој спектакл ќе се одржи на 14 декември годинава во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, соопшти аргентинскиот фудбалски клуб.

– Ова ќе биде за првпат двата клуба за кои настапуваше Диего да се сретнат во таа земја и на тој начин ќе му оддадеме почит на идолот кој нè напушти на 25 ноември 2020 годинастои во соопштението на тимот од Буенос Аирес.

Марадона го носеше дресот на Бока во 1981/82 и од 1995 до 1997 година кога се збогуваше, додека за Барса играше во периодот од 1982 до 1984 година.

Во својата кариера на клупски план Марадона ги бранеше уште боите на Аргентинос јуниорс, Наполи, Севиља и Њуел`с Олд Бојс, а со аргентинската репрезентација ја освои светската титула во 1986 година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Експлозија на автобус во Уганда, нова закана на ИД?

Следно

Зимското сметање на времето почнува во предизборната ноќ меѓу 30 и 31 октомври

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian