Мегваер им се извини на навивачите на Манчестер јунајтед поради дебаклот на „Олд Трафорд“

1 min read

Капитенот на Манчестер јунајтед, Хари Мегваер, кој одигра многу слаб натпревар во дербито со Ливерпул, им се извини на навивачите на тимот за понижувачкиот пораз (0:5) на „Олд Трафорд“.

Камерите околу стадионот покажаа дека некои фанови на „црвените ѓаволи“ го напуштија стадионот помеѓу двете полувремиња, а по 60 минута, кога Јунајтед имаше негатива од 0:5 и беше со човек помалку, илјадници ги напуштија своите места.

– Најпрво сакам да им се извинам на навивачите. Овој настап не беше на нивото на овој клуб. Сите сме разочарани. Разговаравме во соблекувалната и тука сум затоа што морам да бидам тука. Единствената вистинска работа е да им се извинам на навивачите. Тие останаа со нас, пееја и скандираа на 0:5, но ние треба да се претставиме подобро.

Не сум тука да го анализирам натпреварот. Им оставивме премногу можности, а тие беа навистина ефективни. Пред сè, јас сум дефанзивец и можам да кажам дека да примиш четири гола на „Олд Трафорд“ за едно полувреме, воопшто не е добро.

Како играч, ќе гледам внимателно на перформансите и индивидуално и како тим, бидејќи јас сум капитен и ги водам овие момци. Мора да бидеме обединети – рече Мегваер.

ВИДЕО: Оле „аут“, навивачите не може повеќе да го гледаат срамот на Манчестер јунајтед

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Таравари: Ќе ги поддржиме кандидатите на Беса и ќе работиме да ја симнеме ДУИ од власт

Следно

ФОТО | Стефанија приготви необичен рецепт со „обични“ намирници: Уживајте во уникатниот вкус!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian