Будуќност од Подгорица и македонскиот репрезентативец Џејкоб Вајли продолжуваат со победите и во АБА лигата.
Во Љубљана црногорската екипа стигна до особено важна победа во дерби дуелот на петтото коло од регионалното натпреварување против словенечната Цедевита Олимпија со 84:79.
За скор 4-1 и делба на позицијата број два во генералниот пласман, заедно со екипите на Црвена звезда и ФМП, а лидер е Партизан со максимален ефект 5-0.
Крилото Вајли како стартер во гостинската екипа одигра 16:42 минути на паркетот и запиша четири поени (2/5 за два поени), шест скока и една асистенција.
Во следното коло Будуќност ќе игра против Морнар Бар на домашен терен на 31 октомври.