Кина започнува со вакцинацијата на тригодишни деца против ковид-19

2 mins read

Кина ќе започне со вакцинација против ковид-19 кај тригодишните деца, каде 76 проценти од населението е целосно вакцинирано, а властите водат политика на нулта толеранција кон вирусот, пренесува Индепендент. 

Градските власти и покраинските власти во најмалку пет провинции издадоа известувања во последниве денови во кои најавуваат дека децата на возраст од 3 до 11 години ќе мора да се вакцинираат.  

Провинциите Хубеи, Фуџиан и Хаинан издадоа известување што укажува на нови барања за вакцинација. Проширувањето на кампањата за вакцинација доаѓа во време кога одредени делови од Кина преземаат нови мерки за борба против вирусот.  

Северозападната провинција Гансу, која е силно зависна од туризмот, денеска ги затвори сите туристички локации откако откри нови случаи на ковид-19.  

На жителите во делови од Внатрешна Монголија им е наредено да останат во затворени простории поради новиот раст на бројките. Кинеската национална здравствена комисија објави дека во изминатите 24 часа биле откриени 35 нови случаи на локално пренесување на вирусот, од кои четири во Гансу.  

Уште 19 случаи биле откриени во регионот на Внатрешна Монголија, а други  биле регистрирани низ целата земја.  

Кина уште се бори со вирусот 

За време на пандемијата, Кина примени ограничувања, карантини и задолжителни тестирања во борбата против вирусот, и во голема мера ги искорени случаите на локална инфекција и целосно вакцинираше 1,07 милијарди луѓе од вкупните 1,4 милијарди. 

Кина во јуни одобри две вакцини, вакцината „Синофарм“ од Пекиншкиот институт за биолошки производи и „Синовак“ вакцина за деца на возраст од 3 до 17 години, но во моментов само вакцинираат деца на возраст од 12 години и постари. Во август, регулаторите одобрија друга вакцина – „Синофарм“ – од Институтот за биолошки производи во Вухан. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Маја Оџаклиевска по втор пат стана баба: Помала ќерка на пејачката стана мајка

Следно

Плевнелиев ги поддржа официјалните позиции на Софија: Само со почитување на правата на Бугарите, Северна Македонија може во ЕУ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian