Итен состанок на „Олд Трафорд“, Конте би можел да го наследи Солскјер

2 mins read

Оле Гунар Солскјер досега неколку пати кога беше на работ на отказ во Манчестер јунајтед, ја спасуваше рабоата, но се чини дека сега за него нема спас.

Бројни островски медиуми пренесуваат дека Норвежанецот наскоро би можел да го напушти „Олд Трафорд“ и дека зависи само од должината на потрагата по неговиот наследник, односно уште колку дена Солскјер ќе остане на клупата на „црвените ѓаволи“.

Јунајтед нема ни многу време ни избор. Следуваат гостувањата против Тотенхем и Аталанта, а потоа големото дерби против Сити, по што следува репрезентативната пауза. Се чини дека Јунајтед нема време да ја чека паузата и дека дотогаш треба да најде менаџер и да го раскине договорот со Солскјер, кој трае до летото 2024 година.

Директорот на клубот Ричард Арнолд денеска ги откажа сите однапред закажани состаноци за да разговара со сопствениците на клубот, семејството Глејзер. Моментално се наоѓаат во Обединетите Арапски Емирати поради купувањето на индискиот крикет клуб, но поради вчерашниот дебакл ќе мора да се справат и со кризата во Манчестер јунајтед.

ВИДЕО: Оле „аут“, навивачите не може повеќе да го гледаат срамот на Манчестер јунајтед

Антонио Конте е име кое сè повеќе се поврзува со „црвените ѓаволи“. Шпанските медиуми веќе објавија дека на Зинедин Зидан не му паѓа на памет да го „изгасне пожарот“ на Олд Трафорд.

Италијанецот е секако незгоден за соработка, а за тоа сме сведови во лошите односи со раководствата на Јувентус и Челси, но тој е тренер од врвна класа и некој кој има сериозни резултати во реконструкцијата на „уништените“ екипи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Димитриевски: Повторно насилство врз наша советничка од страна на советник од СДСМ

Следно

Коронавирусот пустоши во Бугарија, минатата недела најлоша досега

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian