Германија изрази „загриженост” и „неразбирање” по изјавата на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган за протерувањето на десет западни амбасадори.
Портпаролот на германската Влада, Штефан Зајберт изјави дека Берлин не добил „официјално соопштение”од Анкара.
Ердоган нареди што поскоро да бидат прогласени за „персона нон грата” амбасадорите на 10 земји (САД, Германија, Франција, Канада, Данска, Холандија, Финска, Нов Зеланд, Норвешка и Шведска), кои побараа ослободување на бизнисмен Осман Кавала, кој четири години е во притвор и покрај тоа што не е осуден, а се товари за дестабилизација на Турција.
Кавала (64) во 2013 година ги поддржуваше антивладините протести, а во 2016 година беше обвинет дека се обидел да ја собори владата за време на неуспешниот пуч.
Европскиот суд за човекови права нареди негово ослободување во декември 2019 година.
Извор: МИА