ФОТО | Tрогателна прегратка – Алек Болдвин го тешеше сопругот на починатата Халина Хачинс

2 mins read

Актерот Алек Болдвин се сретна со сопругот и синот на снимателката Халина Хачинс, која почина на сетот на филмот „Р’ѓа“ – пренесува „Sun“

Викендов, Болдвин беше затекнат во близина на хотелот во Ново Мексико каде престојуваше ужалениот сопруг на Халина Метју и нивниот деветогодишен син Андрос. На фотографиите кои се проширија на социјалните мрежи, тој силно го гушка сопругот на починатата Халина.

Таткото на трагично загинатата, Анатолиј Андросович даде изјава за Sun:

“Андрос беше исклучително поврзан со својата мајка и откако дозна дека таа е почината, тој не изустува ни збор“.

Халина Хачинс со синот
Халина Хачинс/Printscreen/Twitter

Во изјавата тој вели дека не го обвинува Болдвин за смртта на својата ќерка, туку личноста која била одговорна за реквизитите на сетот.
Сопругот на Халина, Метју бил особено загрижен за момчето кое се повлекло во себе овие денови поради сознанието за ужасната вест. Тој се трудел да извлече некаков збор од него, но за жал неуспешно…

Таткото Анатолиј додава:

Оваа трагедија уништи прекрасно семејство.

Според медиумите, Алек Болдвин наводно бил „хистеричен и неутешен со часови“, откако случајно ја застрела и уби снимателката Халина Хачинс на филмскиот сет на филмот „Р’ѓа“ во четвртокот попладне. Изворот тврди дека тој сега ги откажува сите свои проекти.

ВИДЕО | Андоновиќ: Во бизарна филмска сцена убиена актерка од страна на својот колега – во реквизитерскиот пиштол имало вистински куршуми

Алек Болдвин се огласи за првпат по трагедијата: Срцето ми е скршено

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Коронавирусот пустоши во Бугарија, минатата недела најлоша досега

Следно

Ин мемориам: Почина филологот, книжевен научник и професор Атанас Вангелов  

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian