Фото: Како изгледа новата летна сцена во скопскиот Градски Парк?

1 min read

Мултифункционалната сцена ќе биде новата гордост на Градски Парк. Местото каде ќе се одржуваат најубавите настани, градски фестивали, местото каде многу скопски уметници за прв пат ќе застанат на сцена и каде публиката ќе има можност да ужива во незаборавни моменти, порачаа минатата недела од Град Скопје. 

Оваа сцена е избрана на јавен конкурс во конкуренција на 12 други трудови и беше претставена на изложба заедно со сите останати примени трудови минатото лето.

Ова е првата од трите летни сцени наменети за одржување на културни настани на отворено. Станува збор за монтажна и мултифункционална сцена на отворено, со движечки челични профили, идеална за одржување на музички настани, изложби, театарски претстави, уметнички перформанси и разни други собири. 

Еве како изгледа сцената: 

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Доктор Елена Арсова, трихолог: Ако ви паѓа косата, витаминот Д може многу да помогне

Следно

Финска ја укина обврската за носење маски во јавниот превоз

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian