Експлозија на автобус во Уганда, нова закана на ИД?

1 min read

Најмалку две лица загинаа денеска во експлозија на автобус во градот Лунгала во Уганда, соопшти полицијата.  

Засега не е позната причината за експлозијата што се случи на главниот пат меѓу Кампала и Масака, потврдија за Ројтерс воени извори во Уганда.  

Претходно денеска, угандската полиција соопшти дека истражува дали членовите на терористичката Исламска држава, го извршиле овој бомбашки напад по саботниот напад во Капмала, во кој едно лице загина, а тројца се повредени.  

Исламската држава ја презеде одговорноста во неделата за бомбашкиот напад во Кампала, главниот град на Уганда. Групата соопшти дека некои нејзини членови активирале експлозивна направа во бар каде што „се собирале членови и шпиони на владата на крстоносците во Уганда“.  

Информациите собрани за време на истрагата потврдуваат дека тројца мажи, маскирани како гости, го посетиле ресторанот и оставиле пластична кеса под масата и го напуштиле објектот само неколку моменти пред експлозијата. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Минисеријата „Мaid“ ги освои гледачите на Нетфликс, ја гледале преку 67 милиони корисници!

Следно

Спектакл во Ријад: Барса и Бока јуниорс ќе играат во чест на Диего Армандо Марадона

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian