ВИДЕО: Јувентус се спаси во Милано, Елмас доби минутажа против Рома на „Олимпико“

1 min read

В сабота во рамките од деветтото коло во најсилното италијанско првенство немаше победник во дерби натпреварите Рома – Наполи (0:0) и Интер – Јувентус (1:1).

На стадионот „Олимпико“ во Рим двајцата тренери Жозе Мурињо и Лучано Спалети добија црвени картони. Мурињо, стратегот на римската „волчица“ беше исклучен во 82 минута поради протест бидејќи неговата екипа не доби фаул во една ситуација.

А и Спалети беше незадоволен од главниот судија, во 96 минута беше исклучен по краткиот разговор со арбитарот Маса. Се поздрави, потоа неколку пати саркастично му викаше „браво“ со аплауз, а тоа Маса тоа го оцени како провокација.

За Наполи настапи македонскиот репрезентативец Елиф Елмас од 70 минута како замена за Полјакот Пјотр Зиелински.

На стадионот „Џузепе Меаца“ босанскиот интернационалец Един Џеко стрелаше во 17 минута за водство на Интер против Јувентус. „Старата дама“ успеа во 89 минута да дојде до бод од пенал кој го реализираше Аргентинецот Пауло Дибала.

На табелата после девет кола првото место го делат Наполи и Милан со по 25 бодови, следува Интер кој има 18, два помалку Рома, по 15 Аталанта, Јувентус и Фиорентина, Лацио на осмата позиција со 14…

ВИДЕО: Симеоне го „прегази“ Лацио, Несторовски од клупата го гледаше Удинезе

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Седум причини зошто здравите и слаби луѓе секој ден пијат сок од кисели краставички

Следно

Здравството се соочува со загуби на медицински кадар, особено на специјалисти, нотира ЕК во Извештајот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian