ВИДЕО: „Последниот Император“ Емелијаненко се врати од пензија со нокаут

1 min read

Фјодор Емелијаненко или како што го нарекуваат уште како „Последниот Император“, триумфално се врати во кафезот од пензија пред својата публика во Москва, Русија.

Тој успеа да го совлада Тим Џонсон со нокаут за само 75 секунди, а „Белатор“ инаку за првпат се организира во рускиот главен град, за своја 269 приредба.

Таа беше незамислива без Фјодор, еден од најголемите ММА борци на сите времиња. Се врати во Москва за првпат после 2011 година да се бори и не погреши.

Доминираше над борецот кој во минатиот меч се бореше за привремена титула во тешка категорија.

Тоа беше 40 победа во кариерата, многумина повторно најавуваат дека тоа беше последната борба на Емелијаненко, но истовремено и се поставува прашање дали во иднина ќе има нови борби.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Меѓународниот комитет на Црвениот крст ја повика меѓународната заедница за помош во Авганистан

Следно

Повлекувањето на НАТО од Авганистан го забрза процесот на „балканизација” на КФОР

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian