ВИДЕО: Дончиќ блескаше во Канада, му недостасуваше скок за „трипл-дабл“

1 min read

Нова страшна партија имаше словенечкиот интернационалец, кој само доминира во НБА лигата откако стигна во САД.

Лука Дончиќ (22), еден од најголемите кандидати за МВП признанието оваа сезона, беше на чекор од „трипл-дабл“ на натпреварот помеѓу неговиот Далас и Торонто.

Далас славеше со 103:95, на овој меч Словенецот го заврши со 27 поени, 12 асистенции и девет скокови, што беше доволно за триумф во Канада.

Веднаш зад него во листата на стрелците кај Маверикси беше Тим Хардавеј со 25 поени, додека центарот Кристапс Порзингис уфрли 18 поени и 10 скокови.

На спротивната страна за Репторси блескаше британскиот интернационалец Оу Џи Ануноби со 23 поени, следен од Френ ВанВлит со 20.

НБА лига, резултати –

Кливленд – Атланта 101:95
Индијана – Мајами 102:91 (*по 1 продолжение)
Торонто – Далас 95:103
Чикаго – Детроит 97:82
Минесота – Њу Орлеанс 96:89
Сан Антонио – Милвоки 111:121
Портланд – Феникс 134:105
ЛА Клиперс – Мемфис 114:120

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Партиите ја конкретизираат меѓусебната поддршка на изборите

Следно

Стоматолог Илија Караманов: Терапија на гингивите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian