ВИДЕО: Антонио му „пресуди“ на Тотенхем, Лестер славеше во Лондон

1 min read

Фудбалерите на Вест Хем го совладаа Тотенхем со 1:0 (0:0), во натпревар од деветтото коло во Премиер лигата. Мечот не донесе премногу возбудувања, беше тоа едно тврдо лондонско дерби.

„Чеканите“ со овој триумф скокнаа на четвртото место во генералниот пласман, додека Тотенхем доживеа пораз после две победи по ред и останува на шестото место.

Соучек ја имаше најдобрата шанса во првото полувреме, кога во 35 минута после неговиот удар со глава, топката помина покрај голот. На спротивната страна Фабиански во 44 минута го одбрани добриот шут на Кејн.

Домаќинот имаше повеќе можности за реализација во второто полувреме и дојде до предност во 74 минута од средбата. Кресвел изведе корнер од левата страна, Антонио постави нога пред Кејн за голема радост на трибините.

Лестер како гостин го совлада Брентфорд (2:1), Тилеманс стрелаше за водство во 14 минута. Израмни домаќините преку Јоргенсен после половина час игра, а во 73 минута конечниот епилог го постави Медисон.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО: Уапсе модерниот Пабло Ескобар, најмоќниот колумбиски наркобос

Следно

Протекоа чудни детали: Најмалку две случајни пукања имало претходно, пред фаталното на Болдвин

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian