Уапсен литвански гувернер во Русија, запловил во руски води

1 min read

Руската гранична полиција го уапсила гувернерот на областа Клаипеда во Литванија, Брониус Маркаускас и уште две лица во Курскиот Залив за кршење на руската граница, објави денеска портпаролката на литванското Министерство за надворешни работи.  

„Министерството за надворешни работи доби информација дека тројца литвански државјани се наоѓаат на руската страна на границата. Нашата конзуларна служба ја истражува ситуацијата“, изјави таа за литванското радио ЛРТ.  

Литванските граничари потврдија дека границата е прекршена и дека три лица биле во чамец во Курскиот Залив. Маркаускас е познат по љубовта кон риболов, посочува ТАС.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Земи или остави: Четири хороскопски знаци кои не се менуваат за никого

Следно

Арсовска: Овој град ќе биде гордост за сите нас

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian