Шилегов: Во изминативе четири години Бутел најмногу се разви

1 min read

Бутел денес е една од општините со најмногу важни капитални проекти и затоа најбрзо се развива. Во Бутел изминатиот мандат вложивме многу, истакна актуелниот и кандидат за градоначалник на Скопје Петре Шилегов кој денеска оствари повеќе средби со жителите на оваа скопска општина.

Во разговор со бутелчани Шилегов потенцираше дека Бутел е општина со најбрз развој во изминатите четири години.

„Со изградбата на булеварот Христијан Тодоровски Карпош обезбедивме побрз излез на скопската обиколница преку модерно булеварско решение со тротоари, вело-патеки, лед осветлување, средишно и странично зеленило. Исто и некогашната улица Босна и Херцеговина сега е булевар со велосипедски и пешачки патеки, ново зеленило и ново осветлување. Ги реконструиравме улиците Александар Урдаревски, Лазо Трповски и Боца Иванова, а при крај е и улицата Бутелска“, додаде Шилегов.

Како што кажа, во план е пробивање на булеварот „Хрватска” и продолжување на булеварот „Словенија” до Ѓорче Петров, и со тоа, вели, северниот магистрален прстен конечно ќе стане целина.

„Со тоа се остварува долгогодишниот сон за поврзување на Бутел и Автокоманда со булеварско решение од булеварот „Босна и Херцеговина” и „Христијан Тодоровски – Карпош” до „Естекада”. Новиот булевар оди заедно со нови линии на јавниот превоз, нови велосипедски и пешачки патеки“, најави Шилегов.

Шилегов истакна дека изградбата на паркови, културни обј кти и јавни содржини кои обединуваат луѓе не смее да запре и ги повика граѓаните да излезат на изборите и да гласаат.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Немаа никој, нивните родители се мртви“: Осум деца умреле од глад во Кабул

Следно

ВИДЕО: Куман едвај го напушти „Камп Ноу“, навивачите го опколија, му викаа да си поднесе оставка

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian