Сѐ што треба да знаете за тенџерињата и тавите: Кои садови се токсични и како правилно да ги чистите

6 mins read

Најдобри садови за готвење се оние коишто одговараат на вашите навики и потреби во кујната. А, доколку добро ги одржувате, ќе ве служат долго време.

За да можете во богатата понуда на различни производители и материјали да го одберете она вистинското, најдобро е да се информирате за нивните карактеристики, предности и мани.

Фрлете го излупеното тенџере

Емајлираните садови долго ќе ги употребувате за готвење и чување на храната ако правилно ги користите и одржувате. Емајлот е чувствителен на удари, па веројатно ќе се оштети, ако лонецот надворешно се вдлабне, а не трпи нагли промени на температурата.

Доколку празниот лонец се прегрее, не го преливајте со студена вода, туку пуштете го полека да се излади. Ако храната во него ви загори, прелијте го дното со вода, оставете го да омекне, а потоа измијте го. Слободно користете и абразивни средства како вим, а оштетените лонци фрлете ги, бидејќи готвењето во нив не е безбедно.

Стаклото е најздраво

Огноотпорните садови за готвење и печење не се скапи, а многумина сметаат дека се најздрави за приготвување и чување на храната. Можат да издржат многу високи температури, но чувствителни се на нивните нагли промени. Затоа, никогаш немојте огноотпорните садови директно од ладилникот да ги ставате на шпоретот, туку одвнадвор добро исушете ги пред да ги ставите на рингла. По употребата задолжително добро измијте го, во спротивно со текот на времето на рабовите ќе се создадат грди дамки.

Бакарот штеди струја

Вљубениците во кујнски мајстории велат дека садовите од бакар се престижни како „ролс-ројс“. Внатрешноста на тенџерињата и лонците е обработена така што храната не доаѓа во директен допир со бакарот, па готвењето во нив е здраво и безбедно иако не се препорачуваат за чување на храната. Овие садови 25 пати подобро ја чуваат, спроведуваат и распоредуваат топлината од железото. Затоа, во бакарните лонци водата побрзо зоврева, а бидејќи бакарот рамномерно и лади, овие садови се идеални за приготвување на покомплицираните јадења, кои долго и полека се „крчкаат“. Главен недостаток на овие садови е исклучително високата цена.

Фрлете го оштетениот тефлон

Садовите од тефлон славата ја стекнале благодарение на љубителите на палачинки. Најпопуларни се алуминиумските тави „пресвлечени“ со слој на тефлон, кои ги следи сенката на кацерогени материи. Производителите велат дека ваквите садови се, всушност, здрави сѐ додека не се оштетат. За да трае подолго безбедноста на готвењето, најдобро е само да го измиете со млака вода и да го избришете со хартија. Штом се оштети, заменете го. Во садовите со тефлонски слој јадењето мешајте го исклучиво со дрвени лажици.

Иноксот не го тријте со жица

Иако се врвно изработени, не се препорачува во нив долго да го чувате јадењето. И најмала гребнатинка може на јадењето да му даде „метален“ вкус. Дури и кога е врвно обработено, овие садови не треба да се тријат со жица. Ако храната загорела, посипете го дното со сода бикарбона или со интензивно средство за чистење и оставете го неколку часови, па добро измијте го. За многумина садовите од инокс, нерѓосувачки челик, се најдобар избор. Најчесто се произведуваат до подебело дно, благодарение на кое се троши помалку струја или гас. Јадењето побрзо се готви, а топлината подолго се задржува. За да биде сјајно, овие садови секогаш треба добро да се исполираат со крпа.

Во леано железо не гответе кисело

Во садовите од леано железо, не ја приготвувајте киселата храна, бидејќи доаѓа до хемиски реакции, а приготвената храна не ја чувајте во такви садови. Овој вид садови се мошне тешки, но се покажале како незаменливи за приготвување јадења од месо и печење тесто. Се загреваат рамномерно и поднесуваат мошне високи температури. Леаното железо брзо рѓосува и затоа садовите чистете ги со кујнска хартија, врела вода и сунѓер без детергнет. Ако има некој талог во садот, истријте го со сол и добро исушете го.

Глината не трпи прашок

Готвењето во земјани садови го издржало судот на времето и се смета за многу здраво. Новиот сад загрејте го и одвнатре намачкајте го со масло. Нека така отстои неколку часови, а тогаш измијте го со млака вода и користете го како што сакате. По секоја употреба садот измијте го со млака вода, никако со детергент и добро исушете го на шпоретот. Ако земјаниот лонец го користите на отворен оган, не го ставајте директно на жар, туку  држате го на пепел, 10 сантиметри подалеку од огнот. Ако храната ја подготвувате на плински шпорет, помеѓу оганот и садот задолжително поставете метална плоча.

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Повлекувањето на НАТО од Авганистан го забрза процесот на „балканизација” на КФОР

Следно

Германија ги заведе Хрватска и Бугарија како земји со висок ризик од ковид-19

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian