Продолжува обновата на улиците во Дебар Маало

1 min read

Општина Центар задутре ќе започне со изведбата на петтата фаза од реконструкцијата на улицата „Орце Николов“ во Дебар Маало. Тоа е претпоследната фаза од активностите за обнова, а ќе трае 30 дена.

Од оштината денеска соопштија дека во оваа фаза се предвидува целосно затворање на улицата од крај на фаза 4 до крстосницата со улица „Ѓорѓија Пулевски“. За време на реализацијата на оваа фаза се забранува паркирањето на дел од улицата „Благоја Давков“ и возилата што доаѓаат од ул. „Франклин Рузвелт“ се пренасочуваат преку ул. „Ѓорѓија Пулевски“ по останата мрежа.

Едниот пристап до Министерството за одбрана се затвора и возилата до министерството ќе пристапуваат преку веќе претходно изградениот пристап. Улицата „Алберт Ајнштајн“ се предвидува да биде целосно затворена, со тоа што жителите од истата ќе можат да пристапуваат преку улицата „Донбас“ која е поврзана со ул. „Орце Николов“, со пристап преку тротоар. Улицата „Дане Крапчев“ е затворена на делот кон крстосницата за што е поставена соодветна сигнализација и е оставена можност жителите по должина на истата да пристапуваат во слепиот крак.

Реконструкцијата на „Орце Николов“, поделена во шест посебни фази, опфаќа површина од вкупно 7.182 метри квадратни. Целиот зафат чини 64.847.608, 47 денари, обезбедени од Буџетот на општина Центар.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

ВИДЕО | „Имаме двајца застрелани, крвават“: Објавена трагичната снимка за помош по пукањето на снимањето

Следно

Меѓународниот комитет на Црвениот крст ја повика меѓународната заедница за помош во Авганистан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian