Голема трагедија во Тексас: Автомобил излетал од патот, две деца загинале, 8 лица повредени

1 min read

Две деца загинале, а осум лица се повредени во САД откако возач изгубил контрола над возило за време на автомобилската трка на аеродромската писта и удрил во публиката, пренесува Ен-Би-Си њуз.  

Шестгодишно и осумгодишно дете загинаа во несреќа за време на вчерашната трка на два автомобили на 200 метри во сојузната држава Тексас, соопштија властите. 

Трката на аеродромот во округот Кервил-Кер ја следеле неколку илјади луѓе, а возачите се натпреварувале за пари. Возачот кој изгубил контрола над возилото излетал од пистата и удрил во паркираните возила и гледачите.  

Еден од повредените е во животна опасност. Наградниот фонд за трката била повеќе од 8.000 долари. 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Славчо Попоски предупредува: Има услови за слаб мраз, еве на кои места и кога!

Следно

ВИДЕО: Тоа што го игра Ливерпул се вика фудбал, тоа што го прави Манчестер е срамота

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian