ФОТО | Харисон Форд ја изгубил кредитната картичка во Сицилија, ја пронашол германски турист

1 min read

Полицајците од сицилијанското одморалиште Мондела биле во неверување кога турист во Палермо им предал изгубена кредитна картичка на која пишувало – Харисон Форд. За среќа на американскиот актер, тие одлучиле да го истражат губењето на картичката.

Ѕвездата на „Индијана Џонс“, Харисон Форд (79) во моментот го снима најновото продолжение на „Индијана Џонс“ на Сицилија и навистина ја изгубил кредитната картичка, објави полицијата на градот Мондело, во близина на Палермо, на официјалната страница на Фејсбук во саботата.

Американскиот актер во четвртокот го избрал одморалиштето Мондело за да помине неколку часа таму во паузите од напорното снимање. Но, Форд веднаш бил опкружен од бројните обожаватели, поради што побарал засолниште во еден клуб во гратчето, а во брзањето да се „скрие“ ја изгубил кредитната картичка.

Кредитната картичка ја пронашол германски турист и веднаш ја предал на полицијата. За неколку минути, полицајците успеале да го пронајдат сопственикот, а навистина станувало збор за Харисон Форд.

Славниот актер бил во клуб каде се „скрил“ од упорните обожаватели, а присутните велат дека бил пријатно изненаден од брзината со која му била вратена картичката и дека му олеснало. Тој во знак на благодарност позирал со полицајците кои му ја доставиле кредитната картичка.

Harrison Ford loses credit card in Palermo, citizen finds it again

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

За првпат трчаше полумаратон и постави светски рекорд за повеќе од една минута

Следно

Пронајдени девет мигранти во оставено возило кај ГП „Богородица”, приведен совозачот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian