Цените скокаат од ден за ден! Како да заштедите пари во кризните времиња со минимални промени

7 mins read

Глобалната пандемија на короновирусот ја погоди и светската економија. Многу луѓе ширум светот останаа без работа, а на многумина месечните примања им се намалени. Згора на сѐ, цените рапидно скокаат од ден за ден.

Во ситуација кога не сме сигурни што нѐ чека утре, ова е дефинитивно моментот да почнеме малку да штедиме.

Првото правило за успешно штедење е да се отфрлат целосно непотребните трошоци. Започнете со следново:

Сметки и трошоци во домаќинството

Заштедете на вода

Не сме ни свесни колку вода залудно трошиме во текот на денот. Како прво, не е време за полнење на кадата – овој метод на капење троши многу вода, а притоа не се препорачува од хигиенски причини. Претпочитајте брзинско туширање, а додека се сапуните, затворете ја водата.

Затворете ја водата и додека ги четкате забите. Устата плакнете ја со водата што сте ја сипале во чашата, за да не тече залудно водата додека ја плакнете пастата од устата. Ќе се шокирате колку тоа заштедува вода – од залудно истечената вода можете дури и косата да ја измиете! Ако ја затворите водата додека ги миете рацете или забите можете да заштедите и до 5 литри вода по лице дневно.

Сличното важи и за готвењето – кога лупите зеленчук, измијте го веднаш наместо да го потопите во сад полн со вода.

Миење садови и перење

Овие машини ни заштедуваат многу труд и пари, но кај миењето садови во машина, многумина прават една грешка – ги оставаат садовите да се „закорават“ од остатокот од храната, а потоа целата „валкана работа“ ѝ ја оставаат на машината. При миењето на таквите садови, машината мора да користи подолга програма која троши повеќе електрична енергија и вода. Воведете го правилото секој член на домаќинството, откако ќе ги употреби садовите, да ги исплакне под млаз млака вода и на тој начин да ги отстранува остатоците од храна од садовите. Така можете слободно да ја вклучите машината на пократка и поекономична програма.

Дури и при перењето алишта, одредени средства може да се заштедат. На пример, секогаш е подобро да се измие една голема рунда алишта наместо две помали, бидејќи на тој начин ја заштедуваме количината на потрошена вода и електрична енергија. Важна точка е температурата на перење. Според американскиот сајт Energy.gov, само многу валканите алишта треба да се перат во врела вода, додека сè друго може подеднакво ефикасно да се пере во млака или во ладна вода, што исто така ќе ја преполови количината на потрошена енергија. Наведената платформа советува и алиштата да се сушат на „старомоден“ начин на жица или сушара, бидејќи на тој начин може да се заштеди и до 71 отсто од електричната енергија.

Истиот сајт понуди и решение за помала потрошувачка на греењето. Ако ја намалите температурата на термостатот за неколку степени во текот на ноќта, можно е да ја намалите потрошувачката за дури 10 отсто!

Шпорет
Плочата или ринглата мора да бидат чисти за да не се троши електричната енергија. Исто така, погрижете се дното на шерпата да одговара на големината на ринглата – ако шерпата е помала, ќе потрошите 10 отсто повеќе непотребна електрична енергија.

Други домашни апарати
Сите мали апарати за домаќинство треба да се исклучат од електрична енергија кога не се користат, бидејќи тоа заштедува до 10 отстоод вкупната електрична енергија. Во тоа спаѓаат микровалната печка, телевизорите, компјутерите, музичките линии, па дури и полначите. Освен што ќе заштеди електрична енергија, оваа навика ќе им го продолжи и векот на траење.

Купување храна

Основниот принцип на штедење е да купувате свесно. Купувајте исклучиво артиклите што сте ги ставиле на списокот, а пред да го составите списокот, прегледајте го фрижидерот за да не го купите тоа што го имате и не ви треба во моментот. Најлошите финансиски одлуки се носат кога ќе се вмешаат емоциите, тогаш луѓето го купуваат и она што не им треба и залудно трошат пари, па обидете се да влијаете и на ова.

Направете листа на вашите долгови, од најмали до најголеми. Фокусирајте се прво на најмалиот и обидете се да го вратите што е можно побрзо. Кога ќе се ослободите од него, парите кои дотогаш сте ги давале за тој долг, чувајте ги настрана за да го исплатите следниот долг што го имате. Овој метод се покажал како најуспешен.

Постојат низа производи што може да се купат еднаш и да се користат повеќепати, заштедувајќи огромни суми. Да почнеме со нешто мало, на пример, хартија. Според написот објавен во The Atlantic, Американците трошат 5,7 милиони долари годишно на хартиени крпи, што е 17,50 долари по лице. Од друга страна, една инвестиција во пакување платнени што се перат веќе од старт е подобра инвестиција. Ако сакате да заштедите уште повеќе, можете да користите и стари маици за бришење нааработа на бришење на работната површина или на предметите во домот.

Веројатно најголемиот загадувач на животната средина, но и непотребна тежина за паричникот се пластичните ќеси.

Спонтано купување

Може да се каже дека претераното купување е еден од најголемите „пороци“ на современото општество, а навиката да не се лишувате од ништо негативно влијае на секој обид за штедење.

Запомнете – парите се штедат пред купувањето, а не отпосле, а повеќето луѓе го прават токму тоа и тоа е главната причина зошто немате заштеда и зошто одвај врзувате крај со крај до следниот приход. Применувајте го следниот совет – кога платата ќе „легне“ на вашата сметка, издвојте 20 отсто од страна, па дури тогаш внимателно започнете да го штедите остатокот.

 

 

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пронајдени девет мигранти во оставено возило кај ГП „Богородица”, приведен совозачот

Следно

Фото: Се запали пикап кај Скопјанка неколку секунди откако излегол возачот

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian