Вкупно се аплицирани 1 590 219 дози вакцини, ревакцинирани 46 отсто од полнолетните граѓани

1 min read

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 6830 дози вакцини, од кои 638 како прва доза, 1472 се ревакцини, а 4720 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 22 октомври вкупно се вакцинирани 801 326 граѓани, ревакцинирани се 769 356, а трета доза примиле 10 386 граѓани.

Како што информираат од Министерството за здравство, 57 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 осто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57 отсто, а со две дози опфатени се 46 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

САД: Повеќе од 1,7 милиони мигранти биле приведени во претходните 12 месеци на границата со Мексико

Следно

Србија го отпушти селекторот кој и донесе европска титула

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian