Видео: Седмооделец физички малтретиран од наставник по англиски јазик

1 min read

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како наставник пред останатите деца физички малтретира ученик.

Настанот кој случил во основното училиште „Панајот Гиновски“ во населбата Бутел 2 е пријавен во полиција.

Директорката на училиштето за „Слободен печат“ потврдила дека случајот го пријавила во полиција. Наставникот предавал англиски јазик и работел во училиштето повеќе години.

– Не дозволувам насилство во моето училиште. Разговарав и со наставникот. Нема што да признава или да не признава, има видео. Мојата работа ја завршив најодговорно и пријавив во МВР. Родителите на детето се обидов да ги добијам, но биле на пат и не ми одговорија на повикот. Ќе следува дисциплинска комисија. Ученикот е во 7 одделение, а наставникот е по англиски јазик, изјави директорката.

 На видео снимката која се појави на социјалните мрежи може да се види како наставникот го удира ученикот, а потоа со двете раце го крева од земја и го спушта, додека другите ученици гледаат.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

„Се прашувам како е да убиеш некого по грешка“: Стара објава на Алек Болдин се шири по социјалните мрежи

Следно

Невакцинираните луѓе во Австрија би можеле да се соочат со нови ограничувања

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian