ВИДЕО: Левандовски е ноќна мора за голманот на Хофенхајм, Полјакот по 18. пат го „матира“ Бауман

1 min read

Баерн Минхен се врати на лидерската позиција на табелата во Бундеслигата откако во деветтото коло со убедливи 4:0 го совлада Хофенхајм.

Гол серијата ја отвори Серж Гнабри во 16. минута, а во 30 минута на сцена стапи Роберт Левандовски кој со шут од 20-тина метри го совлада голманот голманот Оливер Бауман. Полјакот уште еднаш потврди дека е вистинска ноќна мора за голманот Бауман бидејќи ова е 18. пат како Левандовски го матира Бауман во Бундеслигата. Засега рекордер е Герд Милер кој 20 пати го „матира“ Хорст Волтер.

Исто така Левандовски дојде до бројката од 120 гола во стотиот настап за Баерн Минхен од сезоната 2019/20. Во второто полувреме, Баерн постигна уште два гола преку Чупо-Мотинг и Кингсли Коман.

Баерн со триумфот остана на лидерското место на табелата со 22 бода, еден повеќе од Борусија Дортмунд која со 1:3 славеше над Арминија Билефелд. Емре Џан го отвори резултатот во 31 минута, а во последната минута од првиот дел Матс Хумелс зголеми на 0:2. Во вториот дел Џад Белингем зголеми на 0:3, а почесниот гол за Арминија го постигна Клос во финишот од натпреварот.


Резултати:
Арминија – Борусија Д. 1:3
Баерн – Хофенхајм 4:0
Лајпциг – Гројтер Фирт 4:1
Волфсбург – Фрасјбург 0:2

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Сообраќајот се одвива непречено, по влажни коловози

Следно

Последниот „James Bond“ на Даниел Крејг е крајно хуманизиран: Дали кородира франшизата 007?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian