ВИДЕО: Ферстапен го почести Хамилтон со среден прст: Тој е глуп идиот

1 min read

Трката за Големата награда на САД во Остин ќе се одржи утре вечер, а според случувањата на првите две тренинг сесии се очекува уште една „луда трка“ помеѓу конкурентите за титулата Макс Ферстапен и Луис Хамилтон.

Сезонава во неколку наврати Хамилтон и Ферстапен на патеките покажаа дека „не се сакаат“, неколку пати се судрија, а и на вчерашниот тренинг беа на работ на судир.

Од само за нив позната причина на вчерашната тренинг, двајцата возачи одличија на вториот свиок на патеката во Остин, Тексас да стиснат на педалата за гас и „влезат во трка“ и сантиметри ги делеа нивните болиди по што Хамилтон со ризичен маневар го помина Верстапен на свиокот.

Тој потег го налути Фертспен кој му покажа среден прст на конкурентот за титулата и притоа кажа реченица која ја слушаа сите:
Ха, глупав идиот – рече Холанѓанецот.
Од неговио тим Ред Бул, веднаш се обидоа да го смират со зборовите
„Игнорирај го, не се грижи за тоа“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Честитка од премиерот Зоран Заев по повод Денот на македонската револуционерна борба

Следно

Русија до Приштина: Нe ја признаваме „независноста“ на Косово, ниту вашите одлуки

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian