„Вијести“: Азербејџанскиот милијардер Исмаилов доби азил во Црна Гора

1 min read

Милијардерот од Азербејџан, Телман Исмаилов, е пуштен од истражниот затвор во Подгорица, откако претходно доби азил. Тоа за „Вијести” го потврди неговиот бранител Милош Вуксановиќ, објаснувајќи дека со одобрувањето на азилот истекле условите за престој на Исмаилов во екстрадиционен притвор.

Исмаилов беше уапсен на почетокот на октомври по потерница издадена од Русија под сомнение дека го организирал убиството на двајца претприемачи во Русија. Одлуката за ослободување на Исмаилов ја донел истражниот судија на Вишиот суд во Подгорица.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Брука на Лејкерси, Дејвис и Хауард ќе се истепаа меѓу себе на клупата

Следно

Почина Питер Сколари: Актерот ја изгуби двегодишната борба со ракот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian