УЕФА има одговорот на идејата на ФИФА за СП на секои две години: Аргентина и Бразил ќе играат во Лигата на нации?

1 min read

Светската фудбалска федерација се наоѓа во голема кампања во која ја пропагира идејата за промена на календарот и Светското првенство наместо на четири да се игра на секои две години, а најголем противник на оваа идеја е Европската фудбалска Федерација (УЕФА).

УЕФА веќе подготви одговор за идејата на ФИФА, ќе ги повика двете најдобри репрезентации од Јужна Америка, Бразил и Аргентина да играат во Лигата на нации.

Оваа идеја значи продлабочување на соработката помеѓу УЕФА и Конмебол кои веќе се договорија најдобрите репрезентации во Европа и Јужна Америка да играат меѓу себе во своевиден Суперкуп натпревар.

Како што пишува „Газета дело Спорт“, УЕФА во договор со Фудбалската конфедерација на Јужна Америка (Конмебол) има план да ги повика Аргентина и Бразил да играат во нејзината Лига на нации.

Весникот не открива повеќе детали, туку тврди дека постојат неколку опции, а една и Бразил и Аргентина да играат во групната фаза во Лигата А. Другата опција е „кариоките“ и „гаучосите“ да играат во самата завршница, односно во полуфиналето на Лигата на нации со двете најдобри европски репрезентации. Третата опција е четирите победници на групите во Лига А на завршниот турнир да бидат поделени во две групи со по три селекции  во кои би се нашле уште и Аргентина и Бразил.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

МНР: Според првичните информации, не е најдена никаква трага за евентуална злоупотреба на дипломатска пратка

Следно

Голем хакерски напад на системот за издавање зелени сертификати во Бугарија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian