Јапонската принцеза Мако денес го прославува својот 30-ти роденден, последен пат како член на царското семејство пред да се омажи за својот избраник следната недела и да стане обичен граѓанин, пренесува „Си-Ен-Ен“.
Нејзиниот брак со Кеи Комура во вторникот ќе значи дека таа станува обичен државјанин на јапонската држава според законите според кои членовите на царското семејство не можат да го задржат својот кралски статус по бракот.
Денес на социјалните мрежи се појавија фотографии од прошетка на принцезата со нејзината помлада сестра, но принцезата не коментираше по повод нејзиниот роденден.
Тригодишната свршувачка на принцезата Мако и Комура беше обележана со бројни скандали и расправии кои започнаа кога еден таблоид објави дека Комуро е вмешан во финансиски скандал.
View this post on Instagram
Од царскиот двор на прес-конференција на почетокот на октомври објавија дека принцезата Мако развила посттрауматско стресно растројство поради интензивната медиумска контрола на која била подложена поради нејзината свршувачка.
Извор: www.slobodenpecat.mk