Убиен спринтер од Еквадор додека се шетал пред трговски центар

1 min read

Спринтерот од Еквадор, Алекс Квињонез е убиен во близина на својот тим во Гвајакил. Квињонез имаше 32 години, а го убиле непознати лица додека се шетал со пријател пред трговскиот центар во Гвајакил.

Смртта на Квињонез ја потврди и Роберто Ибањез, претседателот на атлетската федерација на Еквадор.
„Моето срце е скршено од болка, не можам да ја опишам празнината која ја чувствувам“, наппиша Ибањез на Твитер.

Квињонез се натпреваруваше на трките на 100 и 200 метри и настапи на  Олимписките игри во Лондон 2012 година кога постави национален рекорд на 200 метри и во финалето го освои седмото место.
Најголемиот успех го постигна на Светското првенство во Катар 2019 година кога го освои бронзениот медал на 200 метри.

Тој обезбеди пласман и на Игрите во Токио, но не му беше дозволено да настапи бидејќи прескокна допинг контрола.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нови 482 случаи на ковид, дванаесет лица починаа

Следно

ФОТО | Снежана Танева, фармер: На фарма работиш од утро до мрак, а сепак, сточарите не уживаат голема почит!

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian