Трагедија во Пакистан: Татко ги запали своите ќерки затоа што една од нив се омажила против негова волја

2 mins read

Татко во Пакистан е осомничен дека ги убил своите две ќерки и нивните четири деца палејќи ја нивната куќа бидејќи една од ќерките се омажила против негова волја.

Полицијата е во потрага по Мензур Хусеин, откако тој наводно ја запалил куќата што ја делеле сестрите Фаузија Биби и Куршид Мај во едно село во централен Пакистан. Во пожарот загинал и сопругот на Куршид, јавува Си-Ен-Ен.

Фаузија од љубов се омажила за Мехбуб Ахмад пред нешто помалку од две години, против волјата на нејзиниот татко кој ѝ договорил брак со друг маж.

Сопругот на Фаузија, Ахмад, на полицијата ѝ рекол дека не бил дома во моментот на пожарот и ја затекнал куќата запалена кога се вратил од работа рано наутро, според неговата изјава во полиција.

Хусеин е во бегство по злосторството.

Во пожарот загинале неговата ќерка Фаузија, нејзиниот четиримесечен син, другата ќерка Куршид, нејзиниот сопруг и нивните три деца – на возраст од две, шест и 13 години. Единствениот преживеан член на семејството, сопругот на Фаузија, Ахмад, поднесе тужба против неговиот свекор и неговиот син Сабир Хусеин.

Ахмад вели дека го избегнал убиството бидејќи бил на службен пат во моментот на трагедијата, објавија локалните медиуми. Тој во полиција раскажал дека ги видел таткото и синот како бегаат по инцидентот, пренесува „Индипендент“.

– Бев на работа во Мултан. Кога се вратив и бев во близина на куќата, видов дека гори. Манзур Хусеин и Сабир Хусеин побегнале од местото на настанот, изјави Ахмад на полицијата.

Полицијата соопшти дека пожарникарите извлекле седум тела од куќата и ги испратиле на обдукција.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Уапсени тројца млади штипјани поради дрога

Следно

Математиката на Рајола, Халанд ќе го чини новиот клуб околу 350 милиони евра

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian