„Се прашувам како е да убиеш некого по грешка“: Стара објава на Алек Болдин се шири по социјалните мрежи

2 mins read

Откако молскавично одекна веста за актерот Алек Болдвин кој пукал со реквизитен пиштол на снимањето на филмот „Rust“ во Ново Мексико и го ранил режисерот Соуза и ја смртно ја повредил директорката на фотографија Халина Хачинс, на социјалните мрежи почна да кружи твит на актерот од 2017 година.

Алек Болдвин се огласи за првпат по трагедијата: Срцето ми е скршено

„Се прашувам какво е чувството да се убие некого по грешка“, во 2017 напишал актерот.

Имено, во тоа време актерот Алек Болдвин ја критикувал полициската акција во Калифорнија во која едно лице било застрелано и убиено.

Твитот на Болдвин го споделуваат многу негови следбеници, секако, проследени со многу коментари.

Можеш ли да одговориш на ова прашање сега?“, „Се надевам дека сега ќе бидеш подобар кон луѓето што прават грешки во животот“, „Те молам кажи ни какво е чувството“, „Ова е најлошиот твит во историјата“, „Каква иронија“, се само дел од коментарите на „Твитер“.

ФОТО | Последната објава на застреланата камерманка го „кине“ срцето

Некои од следбениците на Болдвин застанаа во негова одбрана коментирајќи дека е прерано за вакви испади и дека ова е трагедија што ќе го следи актерот до крајот на животот.

Алек Болдвин обвинет за шовинизам: Презаситен од социјалните медиуми, актерот го избриша својот профил на Твитер

За потсетување, Болдвин по инцидентот разговарал со полицијата и по разговорот ја напуштил станицата, а на Твитер се појавиле фотографии од расплаканиот актер направени по несреќата.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Русија до Приштина: Нe ја признаваме „независноста“ на Косово, ниту вашите одлуки

Следно

Видео: Седмооделец физички малтретиран од наставник по англиски јазик

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian