САД: Повеќе од 1,7 милиони мигранти биле приведени во претходните 12 месеци на границата со Мексико

1 min read

САД објавија дека повеќе од 1,7 милиони мигранти биле приведени во претходните 12 месеци на границата со Мексико, што е највисока цифра досега. Повеќе од милион од нив биле протерани во Мексико или во земјите од кои побегнале, покажуваат податоците на американската Царинска и гранична заштита.

Припадниците на безбедносните служби уапсија луѓе од повеќе од 160 земји. Анкетите покажуваат дека популарноста на американскиот претседател Џозеф Бајден опаѓа, делумно поради неговата миграциска политика. Само 35 отсто од Американците рекле дека го поддржуваат неговиот пристап за решавање на тој проблем, според истражувањето на Центарот за истражување на односи со јавноста AP-NORC.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во кои скопски општини ќе се бира градоначалник во втор круг?

Следно

Вкупно се аплицирани 1 590 219 дози вакцини, ревакцинирани 46 отсто од полнолетните граѓани

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian