Русија до Приштина: Нe ја признаваме „независноста“ на Косово, ниту вашите одлуки

2 mins read

Руската амбасада во Србија соопшти дека не ја признава одлуката на косовската Влада за тоа двајца руски дипломати да ги прогласи за непожелни личности.

– Нe ја признаваме „независноста“ на Косово, а со самото тоа и „Владата“ на покраината и другите „структури“. За нас никакви „одлуки“ на Приштина немаат правна сила. Врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН соработуваме со УНМИК во врска со ова прашање, кажа прес-службата на руската Амбасада.

Во амбасадата истакнаа дека се апсолутно неприфатливи обидите дипломатите акредитирани кај УНМИК да се попречуваат да ја вршат својата дејност која е во согласност со меѓународното право.

Косовската претседателка, Вјоса Османи вчера објави дека, на нејзино барање, Министерството за надворешни работи на Косово прогласило за „персона нон грата” двајца службеници на Канцеларијата за врски на Руската Федерација во Косово и започнало процедура за нивно протерување од државата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според соопштението од кабинетот на Османи, прогласувањето за непожелни во Косово на руските дипломати е „поради нивната штетна активност, која е насочена против националната безбедност и уставниот поредок на Република Косово“.

– Неделава побарав од вицепремиерката и министерка за надворешни работи и дијаспора, Доника Грвала Шварц, да ги прогласи за персона нон грата двајца службеници во Канцеларијата за врски на Руската Федерација во Косово, поради нивната штетна активност, која е насочена против националната безбедност и уставниот поредок на Република Косово. Денеска МНР донесе одлука за прогласување на тие двајца дипломати за непожелни личности и во исто време ги извести законодавните институции и надлежните авторитети истата да ја извршат, се цитира Османи во соопштението.

Претседателката на Косово во оваа прилика порача дека „институциите на Република Косово се решителни во борбата против малигното влијание на Руската Федерација и нејзините сателити во регионот”, кои, како што вели, „тежнеат да ги урнат достигнувањата” на Косово, САД, НАТО и ЕУ.

– Поради таа причина ќе продолжиме да соработуваме тесно со нашите американски и европски сојузници, со цел да ја спречиме намерата Косово и нашиот регион да бидат жртви на дестабилизирачките амбиции на Руската Федерација, порача Османи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Ферстапен го почести Хамилтон со среден прст: Тој е глуп идиот

Следно

„Се прашувам како е да убиеш некого по грешка“: Стара објава на Алек Болдин се шири по социјалните мрежи

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian