Ракометарките на ЖРК Вардар имаа успешен кам-бек на европската сцена откако и во реваншот од второто коло во ЕХФ Купот ја совладааа екипата на Приштина. Откако во првиот натпреварот славеа со 35:39, вардарки во реваншот славеа со 32:27 и обезбедија пласман во третата рунда.
„Црвено-црните“ победата ја обезбедија со фуриозното прво полувреме кое го добија со 21:11 и во вторите 30 минути рутински го приведоа мечот до крајот.
Најдобра во редовите на Вардар беше Сара Миновска со седум постигнати голови, шест даде Марија Галевска, додека Дамјановска даде пет гола, на голот Илиќ имаше осум одбрани.
Вториот македонски тим во ЕХФ Купот, ЖРК Деспина е убедливо поразена од Скара од Шведска со 37:10 и утрешниот реванш ќе претставува чиста формалност.