Почина Питер Сколари: Актерот ја изгуби двегодишната борба со ракот

1 min read

Актерот Питер Сколари ја изгуби двегодишната борба со ракот на 66-годишна возраст. Неговата портпаролка Елен Лубин Саницки ја потврди тажната вест за „Deadline“.

Сколари е најпознат по улогите во сериите како „Bosom Buddies“, каде глумеше со Том Хенкс, и по хит серијата на „Girls“ на „HBO“, за која освои „Еми“ награда за извонреден актер-гостин. Во таа серија тој го играше Тед Хорват, таткото на главниот лик од серијата „Girls“, кој го игра Лена Дунам.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gr8erDays (@gr8erdays)

Во текот на неговата кариера, Питер беше номиниран за „Еми“ наградата четири пати. Се појавил во бројни серии и филмови. Многу негови колеги се збогуваат со него преку социјалните мрежи.

„Денес почина Питер Сколари, тој беше еден од најзабавните актери со кои сум работел. Едноставно беше прекрасен“, напиша продуцентот Роберт Кинг на својот твитер-профил.

„Многу сум тажен што Питер Сколари ја загуби битката со ракот“, напиша колегата на Питер, Харви Фирстајн.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

„Вијести“: Азербејџанскиот милијардер Исмаилов доби азил во Црна Гора

Следно

Уапсени тројца млади штипјани поради дрога

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian