Ново истражување: Само стари и многу болни умираат од ковид-19 иако се вакцинирани

1 min read

Мала е веројатноста дека луѓето вакцинирани против ковид-19 ќе умрат од болеста, освен ако не се многу стари или веќе тешко болни пред заразата, покажуваат најновите резултати од студијата спроведена во Италија.

Студијата на националниот Здравствен институт (ИСС), како дел од редовниот извештај на ИСС за починатите од ковид-19, покажува дека просечната возраст на оние што починале и покрај тоа што се вакцинирале е 85 години. Во просек, тие имале пет постоечки болести.

Просечната возраст на смртни случаи, кои не биле вакцинирани била 78 години, со веќе четири постоечки состојби.

Меѓу починатите кои биле вакцинирани, повеќето биле случаи на проблеми со срцето, деменција и рак.

Анализата, спроведена од 1 февруари до 5 октомври оваа година ја проучувала медицинската документација на 671 невакцинирано лице кое починало од ковид-19 и 171 целосно вакцинирано лице.

Во набљудуваниот период во Италија имало 38.096 жртви на ковид-19. Меѓу нив, 33.620 биле невакцинирани, 2.130 примиле само една доза или се заразиле кратко време по инокулацијата и пред создавањето на антитела, а 1.440 биле целосно вакцинирани.

Италија ја постигна целта за целосно вакцинирање на 80 отсто од населението над 12 години во октомври, праг што владата го утврди како значаен степен на безбедност против вирусот.

И покрај постигнувањето на целта, владата воведе задолжителни ковид здравствени пропусници за сите работници од 15 октомври. Овој потег предизвика протести, повремено и насилни во неколку градови, вклучувајќи го и главниот град Рим.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Касами: Во првиот круг граѓаните дадоа јасна порака дека не се задоволни од актуелната градоначалничка и бараат промени во Тетово

Следно

Пентагон соопшти колку американски војници починале од ковид-19

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian