Математиката на Рајола, Халанд ќе го чини новиот клуб околу 350 милиони евра

2 mins read

Еден од најдобрите млади фудбалери на денешницата, Ерлинг Халанд сè уште не одлучил кој ќе биде следниот чекор во кариерата, но засега една работа е сигурна, идното лето ќе ја напушти Борусија Дортмунд.

Норвежанецот ја одби понудата на „милионерите“ кои сакаа да му ја дуплираат платата (15 мииони евра) и да ја зголемат откупната клаузула на 100 милиони евра.

Неговиот менаџер Мино Рајола одлучи дека Халанд во друг клуб ќе добие далеку подобри услови, односно Борусија Дортмунд не може да го плати тоа што контроверзниот агент го сака.

Рајола од новиот клуб ќе инсистира да ја исполни желбата на фудбалерот, тоа е годишна плата од 25 милиони евра, а ова значи дека најголеми шанси за Норвежанецот имаат ПСЖ како главен фаворит и англиските екипи додека Барселона и Јувентус не можат да си дозволат толкава плата.

Исто така неизвесно е дали Реал Мадрид и неговиот претседател Флорентино Перез ќе се согласат да издвојуваат 55 милиони евра нето за Халанд и Килијан Мбапе кој е главен приоритет во летниот преоден рок.

Поради тоа, најголеми шанси им се даваат на Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Челси и ПСЖ, додека иако Њукасл може да ги исполни овие барања прашање е дали фудбалерот сака да се пресели во тим кој нема да игра во Лигата на шампионите.

Но, тоа не се единствените трошоци кои потенцијалните екипи, бидејќи новиот тим на Халанд ќе мора да ја плати и откупната клаузула која изнесува 75 милиони евра, како и провизијата за Рајола и таткото на фудбалерот, Алф-Инге Халанд која е 36 милиони евра.

Вкупната сума која новиот клуб на Халанд ќе ја потроши е околу 350 милиони долари за пет години. Трансферот и провизијата изнесуваат околу 110 милиони евра, додека бруто платата за пет години се очекува да изнесува помеѓу 200 и 250 милиони евра, а тоа е сума која само најбогатите светски клубови можат да си ја дозволат.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Трагедија во Пакистан: Татко ги запали своите ќерки затоа што една од нив се омажила против негова волја

Следно

Шест загинати во пожар во станбен објект во Брчко, спасени четири деца

Latest from Blog

АРСОВСКА ЈА ЧУВААТ СПЕЦИЈАЛЦИТЕ НА МВР – градоначалничката „се плаши“ да излезе и да се сретне со приватните превозници, но и со новинарите! (ФОТО)

Откако денеска беше најавен протест на приватните превозници градот Скопје буквално опколено со полициски службеници. Градоначалничката

MacedonianEnglishAlbanian