Гостивар го  здроби Работнички, ТФТ е нов лидер 

2 mins read

Кошаркарите на Гостивар му го нанесоа првиот пораз на Работнички во новата сезона во Првата лига откако на домашен терен алавеа со убедливи 91:65 .

Гостиварци имаа фуриозен старт и по неполни четири минути игра имаа предност од 16:2. Тимот од Градски парк успеа да ја консолидира играта и на стартот од втората четвртина успеа да се доближи на минус шест (28:22) но гостиварци постигнаа пет поени и повторно имаа двоцифрена предност, а на одмор заминаа со предност од 49:32 кога и ги решија дилемите околу победникот.

Во второто полувреме кошаркарите на Гостивар не дозволија предноста да биде помала од 11 поени и сосема заслужено дојдоа до триумф со кој се на делба на второто место токму со Работнички и МЗТ Скопје со идентичен скор 3-1.

Најдобри кај екипата на Гостивар беа Ворку со 24 поени, Ефремовски и Тодоровиќ дадоа по 13 поени, додека кај Работнички се истакнаа Данаиловски и Мустафица со по 11 поени.
Киксот на Работнички го искористи ТФТ кој со победата од 91:85 над вториот тим на МЗТ Скопје и е нов лидер на табелата со максимални четири победи.

ТФТ во третата четвртина имаше предност од 25 поени (71:46) но за малку од готово ќе направеше вересија бидејќи на две ипол минути до крајот кошаркарите на МЗТ Скопје Уни Банка дојдоа на минус пет, 81:75. Хортон и Маслинко постигна четири поени за водство од 85:78 што им донесе мирна завршница.

Хортон со 19 поени беше најдобар кај ТФТ, додека МЗТ Скопје Уни Банка се истакна Рансон 29 поени.

Резултати:
Феникс – Ангели 83:80
МЗТ Скопје – Куманово 86:71
Гостивар – Работнички 91:65
ТФТ – МЗТ Скопје Уни Банка 91.85
Академија ФМП – Еуро Никел 80:65

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тоше Проески доби споменик во Хрватска во близина на местото каде што трагично го загуби животот

Следно

Рамбо Амадеус: Човекот сака да суди за работи за кои нема поим, колку помалку знае – толку е поарогантен

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian