Екипата на Валенсија со 76:75 славеше како гостин против МораБанк Андора во седмото коло од шпанската АЦБ лига, а јунак на натпреварот беше Ненад Димитријевиќ.
Македонецот го имаше клучниот потег на натпреварот, при резултат 75:74 за домашниот тим, Димитријевиќ ги постигна поените за победа на својот тим на пет секунди до крајот.
Димитријевиќ натпреварот го заврши со 14 поени, шест скокови и две асистенции за 27 минути колку што помина на теренот.
По седум кола, Валенсија има скор од четири победи и три порази со кои се наоѓа на седмото место на табелата.